Премиера

Калиопи и Жељко го промовираа дуетот во Белград (Видео)

Балканските поп-ѕвезди Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ после четири децении професионална и приватна дружба објавија дуетска песна под насловот „Знам“. Песната денеска се промовираше во Белград а скопската промоција е на 25-ти април во „Аудиокултура“. Текстот, музиката и аранжманот се на Ромео Грил.

Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“. Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа. -изјави Калиопи на српската промоција.

Можеби ќе ве интересира: