Премиера

„Ќе ме сакаш ли“ нов сингл на Дани Димитровска (Видео)

По „Има љубов во нас“, следува втор сингл од најновиот четврти студиски албум во најава, со наслов „Ќе ме сакаш ли?“.

„Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“, вели Дани.

„Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов. Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.

Музичкиот спот за „Ќе ме сакаш ли“ од денес е достапен на YouTube, а аудиозаписот и англиската везија се поставени на сите музички платформи. Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Дани Димитровска е една од ретките женски рок-артисти во нашата земја, доследна на својот звук веќе 25-та година.

Можеби ќе ве интересира: