Премиера

Кеба го објави новиот сингл „Макови црвени“

Српската фолк ѕвезда Драган Којиќ – Кеба го објави новиот сингл „Макови црвени“. Станува збор за љубовна песна чиј текст допира до срцето.За Кеба се вели дека е во првите пет фолк пејачи на нашите простори. Во својот музички опус има голем број хитови, а сега реши да создаде уште еден!Музиката, текстот и аранжманот за новиот сингл ги потпишува Шуки Плањанин а соработката дошла сосема спонтано на релација Белград – Сараево.

„Макови црвени“ е приказна за љубовта раскажана наназад. За страста меѓу двајца луѓе која е силна и вечна. Кеба во својата песна делумно го урна митот за љубовта и откри дел од нејзината мистерија. Тоа е приказна која не трогнува и не остава рамнодушни.За синглот е подготвено адекватно видео. Трогателна и филмска љубов беше раскажана од живи кадри направени во новиот сараевски амбиент „Кота 777“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....