Премиера

„Километрима“ нова хит песна на Огнен Здравковски (Видео)

Во текот на вчерашниот ден, на официјалниот YouTube канал на Гранд продукција беше промовиран видеоспотот за најновата песна на македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој воедно е и ексклузивец на оваа продукција.

„Километрима“ е насловот на новата хит песна која е дело на најдобрите музички имиња од Србија. Автор на песната е познатиот композитор Сашко Николиќ, текстот го напиша Мира Мијатовиќ, додека пак аранжманот е дело на Аца Крсмановиќ. Видеоспотот кој е реализиран во Египет пред неколку месеци, е дело на Урбан Рекордс под режисерска палка на Гордан Божиновски. Во него се појавува младата и убава маникенка Верица Донев.

Како звучи најновата песна на Огнен и како изгледа видеоспотот за истата, погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: