Премиера

Легендарните Влатко Стефановски и Дадо Топиќ снимија дуетска песна (Видео)

Фондацијата „План Б“ за прв пат ги обедини легендарните музичари Дадо Топиќ и Влатко Стефановски. Песната „Samo za nju“, за која текстот го напиша Дадо Топиќ, а композитори се Зоран Коневиќ и Шидахар Соланки. Оваа песна е една од деветте песни на неодамна објавениот албум „Plan B vol 1“.
„Изминатите две години не научија дека можат да дојдат потешки времиња кога треба да се адаптираме. Не е соодветно за уметниците да се одмораат, додека имаме инспирација, како што е случајот со мене, треба да создаваме. благородна идеја која ми се допадна и затоа напишав песна која потоа ја отпеав во студиото на Жељко Николин во Осиек. „Samo za nju“ е прекрасна балада што сакам да ја пеам. Особено ми е драго што гитарските делови ги otсвире големиот Влатко Стефановски“, изјави Дадо.
Зоран Коневиќ, основачот на фондацијата „План Б“, не го криеше задоволството од песната:
„Тешко е со зборови да го опишам моето лично задоволство од начинот на кој Дадо ја пееше нашата песна. Нашиот драг и сакан Дадо не воодушевува со децении со неговиот талент и глас, пријатен и моќен во исто време“.
Во Младинскиот театар во Бања Лука се снимаше интересно видео во режија на Сузана Лазиќ, а љубовната претстава на посебен начин ја претставија актерите во спотот Хелена Миљковиќ и Милан Бабиќ. Албумот „Plan B vol. 1“ во издание на Tesla Music и Croatia Records беше претставен пред медиумите на почетокот на јуни на прес-конференција во Водице во рамките на фестивалот „CMC“, а неодамна беше успешно претставен и во Сараево.

Можеби ќе ве интересира: