Премиера

„Либеро бенд” објавија нова песна во две различни верзии (Видео)

Едни од најангажираните музички уметници кај нас, одново и одново ја освојуваат публиката со својот глас и страст кон музиката. Имено, „Либеро бенд”, вчеравечер на јавноста и го претставија своето ново музичко парче, односно песната која го носи насловот „Лани”.

Новиот музички сингл, со сосема ист текст, доби две верзии – емотивна и поенергична верзија. И двете верзии од песната се прекрасни и вредат да им се восхитувате. Како комплетен автор на ова ремек дело се потпишува Лазар Цветковски, а видео записот кој плени со својата креативност е дело на Даниел Јовески.

„Со големо задоволство ја споделуваме нашата најнова песна, а со оглед на тоа што сакавме да го погодиме и најистенчениот вкус на слушателите, песната ја направивме во две верзии, за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат. Ова е само најава и мал дел од сето она што следува од нас во наредниот период, дотогаш уживајте во „Лани”, вели Иван Јованов, фронтменот на Либеро.

Во продолжение ве оставаме да уживате во „Лани”. Слушнете ги и двете верзии:

Можеби ќе ве интересира: