Премиера

24Промо: Маид Хечимовиќ промовираше нова песна и видео спот (Видео)

Момчето кое по учеството на регионалното шоу “X Factor” ги освои симпатиите на публиката низ поранешна Југославија, Маид Хечимовиќ деновиве во етер го објави неговиот најнов спот за песната “Док он те љуби”. Како автори на оваа нова песна на Маид се потпишуваат искусниот тандем Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска, додека мастерингот за истата се правеше во студиото “Метрополис Мастеринг” во Лондон.

“Јас сум презадоволен од сето ова како испадна. Лазар и Магдалена се совршен тандем и можам да се пофалам дека песната веќе е хит во Босна и Херцеговина. Се надевам дека песната и спотот ќе и се допаднат и на македонската публика која ја обожавам”, вели Хечимовиќ.

Maid HecimovicИнаку, видео спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, а режисерската палка му припадна на Дарио Јанковиќ. Покрај Маид во видео спотот се појавуваат и неколку македонски убавици кои дополнително ќе ви го привлечат вниманието. Во продолжение, уживајте во новото видео на младиот Маид.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: