Премиера

Премиерно: Макфестовската “Далеку од тебе” со видео запис (Видео)

Приказната на поп изведувачот Јасмин Алиевски насловена “Далеку од тебе”, која беше раскажана на последното издание на “Макфест”, деновиве доби и видео запис. Спотот е изработен и популаризиран од страна на Exit-B Production. Спотот е спој на двата настапа на “Макфест” на Алиевски.

“По паузата од година и половина, се одлучив за настап на престижниот фестивал “Макфест”, каде со пеење во живо, можеш да видиш како и колку твојата приказна низ ноти стигнала до публиката. Исто така овој фестивал бил почеток на една успешна кариера на многу наши пеачи, изјави Јасмин. “Пласманот во финалето беше доволен знак дека сум на вистинскиот пат, па затоа се одлучив “Далеку од тебе” да и ја подарам на публиката и со видео издание”, додава тој.

Ова е негова трета песна создадена од перото на хит – мејкерот Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и аранжманот, а текстот го напиша Милан Миланов. Претходните две негови теми, “Јас не сум крив” и “Никогаш не вели никогаш” се авторско дело на Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска Ена.

Јасмин има во план и нова песна и за неа ќе биде изработен спот, а ке биде пуштена во етер во летниот период, со која само ќе продолжи да докажува дека неговото време на македонската музичка сцена допрва доаѓа, затоа што, како што вели самиот- Не можам да замислам свет без ноти, а музиката е убавата страна на живеењето.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: