Марио Кузманоски е момче кое потекува од градот на Марковите кули – Прилеп, и има само 20 години. Верувале или не, тој на големо е познат низ регионот и балакнот по она што тој го работи. Иако е многу млад, низ светот е познат како Mario Eddie и досега зад себе има снимано многу траки. За себе вели дека со музиката се бави од мали години и тој претставува соодветна замена на својот татко.
“Со музика активно почнав да се занимавам пред 4-5 години. Прво почнав да пуштам музика по локалните радио станици во Прилеп, а подоцна и по локалите, а по извесен период освен во мојот град, бев ангажиран како DJ и низ останатите градови во Македонија, како и во соседните земји, меѓу кои ќе ги споменам Албанија, Бугарија, Косово”, вели за Музика24 младиот Марио.
Освен што се бави со продуцирање на електронска музика, тој многу добро знае да свири пијано и гитара, што веруваме му претставува олеснителна околност при создавање на одредена музика. Инаку, тој веќе подолг временски период е дел од Future Inc кое што претставува електронско дуо од двајца DJ-и.
Подготви: Марија Поповска