Премиера

24 Промо: Мартинијан Кириловски ја промовираше “Јас знам” (Видео)

Младиот и веќе докажан македонски пејач Мартинијан Кириловски кој дефинитивно многумина го запознаа преку музичкото телевизиско шоу “Ѕвездите на Гранд”, пред само некој ден во кумановското кафуле “Нама кафе”, пред големиот број на новинари, блиски пријатели, соработници, колеги и секако семејството, заедно со својот бенд ја промовираа новата песна “Јас знам” и секако видео спотот за истата.

Како што истакна Мартинијан, тој е презадоволен од самата промоција, атмосферата и се заблагодари на сите оние кои несебично во секој момент му дадоа подршка во натпреварувањето во музичкото тв шоу “Ѕвездите на Гранд”, и секогаш кога истата му е потребна.

Martinijan Kirilovski_video spotНовата песна “Јас знам” е интересна, динамична, со весел ритам, песна во рок-поп стил, нешто вистинско за ова време од ова навистина претопло лето. Интересно е тоа што Мартинијан заедно со својот бенд го имаат работено аранжманот на песната.

Освен веќе споменатите, на промоцијата присуствуваа и негови колеги меѓу кој и Филип Божиновски кој искрено му посака оваа песна да биде вистински и голем хит.

“Му посакувам многу успех понатаму, многу песни, спотови. Му посакувам да сними албум и да го прати среќа во неговата кариера, па дај боже и некој голем концерт”, изјави на промоцијата Филип.

Martinijan Kirilovski_promocijaПо завршување на официјалниот дел на промоцијата, Мартинијан како и секогаш така и овој пат подготви вистинска забава и сите присутни ги почести со добра и убава македонска и балканска музика.

А во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете новото видео и воедно да ја слушенете нова “Јас знам” на Мартинијан Кириловски.

Уживајте!

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: