Премиера

Машинството како дел од градежната приказна на Скопје

Владимир Кицевски човекот за кој “Термомонтажа В Холдинг” е неговата животна приказна, успешна компанија, која граби напред и влева сигурност, доверба и зрачи со квалитет во очите не нејзините досегашни и идни клиенти.

Дали сте се довеле во ситуација да ви е потребен квалитетен покрив на дом, стамбена зграда или конструкција од некаков тип, да ви е потребна квалитетно изработена вентилација за гаража, деловен или стамбен објект, централно греење со внатрешни единици (со чилери), ВРВ систем, инсталација и вградување на клима комори, термоизолација како и изработка на челична конструкција? Доколку ви е потребно сето овзгора на се и да биде квалитетно, во случајот кога најмногу ви е треба, а квалитетот да не чини многу, тогаш вистинското место каде што треба да се обратите е “Термомонтажа В Холдинг”.

“Термомонтажа В Холдинг” е компанија со традиција, компанија која ги негува семејните вредности и заедно со вработените во оваа компанија се едно големо семејство. Работат напорно, вредно и со својата работа и квалитетна изработка, вградување и инсталација на опрема, вентилатори, лимени канали се докажани како на територијата на цела република Македонија, така и надвор од неа. Нема кој не ги знае и нема да потврди за нивниот квалитет, име и тоа што тие го застапуваат, произведуваат и нудат.

Компанијата е оформена далечната 1978 година, регистрирана како занатска задруга. Со текот на времето, искуството и работата позади себе, како и објектите кои сведочат за нејзиниот квалитет и изработка, полека ама сигурно во временски период од 37 години ја прераснуваат задругата во Холдинг, кој не само што располага со голем број на работници, туку и ја следи техниката и технологијата како и новите начини на изработка на лимени канали за вентилација. Освен тоа поседува најсовремена опрема како за изработка на лимени канали така и за изведба на термичка и звучна изолација.

SobranieОбјектите со кои може да се пофали “Термомонтажа В Холдинг” дека се дел од тоа што тие како наследство го оставиле позади себе, со труд, работа и препознатлив квалитет се:

  • Собрание на РМ – Скопје,
  • Кока кола – Скопје,
  • Пивара – Скопје,
  • Хотел “Александар Палас” – Скопје,
  • ГТЦ – Скопје,
  • ТЦ Рамстор – Скопје,
  • АРМ – Скопје, ФОН – Скопје, Веро –Скопје,
  • Хотел казино “Фламинго” – Гевгелија,
  • Катна гаража “Зебра” – Скопје,
  • Џонсон Мети” Индустриска зона Бунарџик – Скопје,
  • ВВ “Тиквеш” – Скопје,
  • Пивара Корча – Албанија,
  • Стамбени згради “Адора” Инжинеринг – Скопје,

и тоа се само дел од поголемите објекти и проекти на кои работеле, додека пак нивниот ентузијазам не сплавнува како што поминуваат годините, искуството се собира и добредојдено е кога станува збор за големи проекти.

“Термомонтажа В Холдинг” преставува синоним за успешна компанија во делот на машинството, во градежната индустрија, сакајќи да го одржат нивото на квалитет и да го потврдат степенот на квалитетната изработка позади која стојат, вработените се уште повеќе мотивирани кога се на работна задача и тоа ги тера да грабат напред и да го освојуваат пазарот, исто како и нејзиниот основач и лидер, г-нот Владимир Кицевски, човекот кој е почетокот, успехот и вредностите на оваа компанија како и сите луѓе кои се дел од неа.

Тие со задоволство ги прифаќаат новите работни задачи. Во моментот нема работна задача на која неможат да одговорат и да го преточат своето умеење во традиција и вечност која ќе трае со години, без разлика дали станува збор за дом, стамбена зграда или објект од јавен интерес.

“Термомонтажа В Холдинг”, е име кое треба да се запомни, цени и почитува, бидејќи зрачи со квалитет, доверба и сигурност.

*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира: