Премиера

Младата Тијана Периќ со изнедадување за своите фанови – промоција на новата песна „Невера” (Видео)

„Невера” е новата песна четврта по ред на младата и надежна пеачка Тијана Периќ, која оваа година дебитираше на „Макфест” и ги освои симпатиите со композицијата „Бумеранг”. Песната ја компонираше Иле Спасев кој ја подготви, музиката и аранжманот и се погрижи за микс мастерот, додека текстот го напиша Дени куртовиќ кој што е млад артист и воедно композитор. За видеозаписот Тијана повторно одлучи да се погрижи Александар Ристовски Принц кој направи навистина еден преубав краток филм, а за креацијата и накитот се погрижи дизајнерката Ива Спасовска.

Песната е со модерен ритам кој веднаш влегува во уво, нешто поразлично од досегашните песни. Инаку Тијана е студент на музичката академија и е 3 година. Музиката е нејзина љубов уште од мала возраст. Од неодамна е и дел од тимот на Урбан фм радио каде што со околу 30 тина млади артисти водат радио подкасти во живо на You Tube каналот на радиото и многу успешно се снајде и во таа улога. Многу скоро најавува и дует со еден наш артист, и секако веќе размуслува и за следна песна.

Можеби ќе ве интересира: