Премиера

Младиот и симпатичен пејач Иван Илиев го промовираше видео спотот за најновата “Бестрага” (Видео)

Неодамна младиот и познат македонски пејач Иван Илиев го објави видео спотот за својата најнова песна “Бестрага”, со која тој настапи на “Прилеп Фолк Фест”. Како што и тој самиот вели, видео спотот е снимен во Грција, а во истот се појавува Мила Велевска која е во главна улога. Тој во врска со видео спотот и шпекулациите дека е во врска со девојката која е дел од него, изјави:

“Немам ништо со Мила, освен професионален ангажман. Таа е прекрасна девојка и затоа е дел од мојот најнов видео спот. Инаку, видео спотот е снимен во Калитеа, Афитос, Атина”, вели Иван.

Песната (музиката и текстот) е дело на Горјан Стојановски, додека зад реализација на видео спотот стои Александар Тасевски и “Eye contact” продукција. Во продолжение, погледнете го најновиот видео спот за најновата песна на Иван “Бестрага”.

Можеби ќе ве интересира: