Премиера

Музика во книга: „Остани во чекор: десет антологиски кореографии“

Рубриката „Музика во книга“, оваа недела продолжува со монографијата на ансамблот „Танец“ од авторот Кирил Тодевски, а по повод 70 години постоење на „Танец“. „Остани во чекор: десет антологиски кореографии“ е луксузно издание на издавачката куќа Арс Ламина од 2019-та година. Се работи за двојазично издание, на македонски и на англиски јазик, кое ги обединува архивските материјали и новите фотографии, на еден неконвенционален и современ дизајнерски начин.

Во книгата, покрај авторскиот текст на познатиот македонски етномузиколог Тодевски посветен на десетте антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“ (кореографиите „Тешкото“, „Невестинско“, „Комитско“, „Седенка“, „Драчевка“, „Осоговка“, „Водарки“, „Тресеница“, „Тропнало оро“ и „Свадба“), се поместени и сите нотографии на кореографските постановки направени од музикологот Марко Коловски.

Ваквото луксузно и содржински богато издание секој би го посакал како сувенир. Оваа монографија со својата убавина ќе допре до сите љубители на музичко-сценскиот фолклор, но и оние кои првпат се среќаваат со македонската култура. Монографијата е достапна за нарачка на веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. БуњаковецГТЦВеро ЦентарСити молул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. 

Можеби ќе ве интересира: