Почитувани наши верни читатели. Знаеме дека веќе подолг временски период Ви недостасувавме, а тоа го кажуваат многувројните пораки, мејлови, фејсбук контактирања со нашата редакција… и секако на секој можен начин ни го покажувавте нашето отсуство и воедно желбата за информација плус што се однесува до музиката и сите музички случувања. Некои од нив поминаа и за жал не бевме во можност да Ве информираме во врска со сето тоа, но изминатиот период будно следевме се што се однесува, а е наш домен… музиката.
По повод четири години од нашето постење, нешто што допрва ќе го прославуваме, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 го промени својот дизајн и како што веќе имавте можност да видите, сега сме далеку подобри и секако со многу нови изненадувања, рубрики кои веруваме дека ќе бидат едни од најчитаните. По повод нашето четиригодишно постоење, Музика24 започна со емитување на експериментална програма на нашето прво интернет радио – Радио Плеј, а во фаза е и разработка и започнување на интернет радио кои ќе го носи името на нашиот музички портал, едноставно наречено, Радио Музика24.
Во период кој што следи, Ви ветуваме многу нови, свежи и секогаш точно и невремно презентирани информации за што ќе се погрижи нашата екипа од десетина млади и вредни момци и девојки кои се желни за презентирање на што е можно повеќе информации на своите фанови, фановите на Музика24.
Ви посакуваме есен исполнета со љубов од Вашите сакани, здравје за секојдневните обврски, среќа за се она што ве прати и време за Музика24!
Редакција на Музика24