Премиера

„Не признавај” – нова песна на поп пејачот Никола Зацески (Видео)

Како што не информира младиот пејач Никола Зацески, неодамна на неговиот YouTube канал излезе неговата најнова песна „Не признавај”. Оваа песна, како што и самот вели, е дел и го надополнува албумот „Срцето мое тука чука”.

„Зад оваа песна стои и еден многу млад и талентиран автор Бојан Димитровски, кој се потпишува за музиката, текстот и аранжманот. Ова е наша прва официјална соработка, и верувам не последна, бидејќи станува збор за еден голем талент и креативец во својата работа”, открива Зацески за музичкиот портал Музика24.

Мастеринг и снимањето беше обработено со Ангел Ќосев, во неговото студио “Подрумот”, додека зад видео записот се потпишува Никола Митревски.

Можеби ќе ве интересира: