Оваа година според тоа колку е вложено труд во македонската музичка сцена може слободно да се заклучи дека новата сила е веќе на едно друго сосема поинакво ниво. Во овој мал текст ќе ви преставиме нова ѕвезда на естрадното музичко небо, а тој е Иван Илиев кој својата музичка кариера ја започна со две нови композиции меѓу кој и актуелната поп фолк “Луд по тебе”, каде зад текстот се потпишува Орце Зафировски, додека за музиката е токму Иван Илиев, а за самиот аранжман се погрижи Љупчо Атанасовски.
Сепак неговиот т.н. “background” е веќе голем, така што иако можеби за млад изведувач е интересно, сепак неговите настапи како артист се доволни да се заклучи дека станува збор за една сериозна и изградена музичка личност.
“Не сум личност која сака многу говори за себе, сепак старите велат дека делата го опишуваат самиот човек. Она што можам да го наговестам се многу песни со веќе докажани автори, засега зад овие две композиции се Сашо Ливрински, Орце Зафировски, Гоце Џуклевски, Гордана Тасевска итн… така што во план имам за мојот албум кој полека го работам е да го проширам својот тим на соработници”, изјави Илиев кој додаде дека ќе се потруди да се покаже во најдобро светло, но и да ја придобие довербата од публиката. Воедно Илиев имавме можност да го видиме и во едно друго издание поточно во “Ѕвездите на Гранд” каде ја изведе “Несаница”, што покажува фактот за неговата упорност и успех во музичката кариера.
А во продолжение, премиерно на Музика24 Ви ја претставуваме извонредната композиција “Луд по тебе” за кој се надеваме ќе ви се допадне каде за истата е во план да се работи и видео-запис.
Подготви: Редакција Музика24