Премиера

Нова песна и видео спот на прекрасната пејачка на македонска народна песна Елена Андоновска (Фото+Видео)

Како што не известуваат од тимот на познатата и популарна македонска пејачка на народна музика Елена Андоновска, таа неодамна ја сними народната песна “Сношти појдов мила мамо на седенка” која што таа ја посветува на легендата на македонската народна песна Васка Илиева.

Старите велат, тимот кој што победува не се менува, па се во име на добрата и квалитетна македонска песна, Елена и овој пат соработуваше со професионалци кои си ја знаат својата работа. Песната е снимена во музичкото студио “Подрумот” кај Анѓел Косев, додека музичкиот аранжман го подготви Дарко Илиевски.

Што се однесува до видео спотот, истиот го реализираше Арт продукција, а како режисери се потпишуваат Марјан Андоновски и Дејан Ѓоргиев. Тимот голема благодарност упатува до сите учесници и музичари кои беа дел од овој проект. За се да изгледа онака афтентично и совршено беше задолжен Владимир Јаневски кој се погрижи за народните носии, а како статисти во видео спотот се појавуваат Стефанија Маневска и Кристина Пецовска. Овој музички проект е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: