Премиера

Нова песна на Антониа Гиговска: Слушнете ја „Атлантида“ (Видео)

Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава. Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи. 

“Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат приказните за Атлантида и од таму е идејата. Јас сум презадоволна од песната, спотот. Некои можеби ќе кажат дека е „обична“ песна, но за тие што го мислат тоа објавивме уште една верзија на песната, односно „sad version“, па која верзија повеќе им се допаѓа, таа нека ја слушаат”, вели Гиговска. 

Како и за останатите песни, така и за оваа Антониа и нејзиниот тим одлучија да снимаат видеоспот за новата песна. Како режисер на видеото се потпишува младиот и талентиран Томислав Живковиќ, а истиот се снимаше во Грција, Галичник и нашиот главен град. 

Инаку Антониа летово има закажано доста настапи, а тоа е одлична прилика да ја слушате и видите во живо.

Слушнете ја „Атлантида“: 

Можеби ќе ве интересира: