Премиера

24 Промо: Нова песна на Филип Божиновски (Аудио)

Победникот на последниот циклус на М2 Проект: “Потрага по ѕвезда” – младиот Филип Божиновски деновиве се појави со нова песна во македонскиот етер – “Те љубам без страв”. Музиката на песната ја напиша Ламбе Алабаковски, текстот е на Елена Ристеска, а аранжманот на Дарко Димитров. Песната е снимена во студиото “Димитрови”.

За прв пат Филип песната ја претстави на возобновениот, инаку некогаш многу популарен музички фестивал “Омладина” што се одржа во декември минатата година, во Суботица, Србија. На овој фестивал Филип беше одлчично прифатен и беше тој единствен претставник од Македонија. Деновиве песната “Те љубам без страв” е пуштена по сите македонски радија, а на некои од нив стана инстант хит. Веруваме дека младиот Филип Божиновски и во иднина пријатно и повторно ќе не израдува со уште некоја убава нова песна. Во продолжение преслушајте ја новата песна на Филип Божиновски.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: