Премиера

Нова страница: “Ало” нов сингл на Браво Бенд (Аудио)

Покрај нивните актуелни хитови како “Било како било”, “Девојко”… итн од сега започнуваат нова страница во нивниот музички опус со брз и динамичен звук. Најново од нив е што продолжуваат со нов член во нивниот бенд со басист Кире Денов кој е и вокал на самата композиција така што Александар Тасевски кој беше фронтмен започнува своја соло кариера.

“Многу не не закочи излегувањето на пеачот Александар ние продолжуваме во исто темпо да работиме на нашиот албум кој веруваме со овој сингл ќе им се допадне на нашата публика”, изјави Зоран Кирјаковски. За музиката и аранжманот стои токму Драган Илиев, гитаристот кој не му е прв пат да креира за нивниот бенд тој е и автор на многу други познати композции додека за текстот се потпишува веќе докажаниот текстописец Огнен Неделковски.

Во продолжение, уживајте во композицијата и во новостите кој следуваат од Браво Бенд.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: