Премиера

Охридските рокери “The Backdoor Band” го промовираа видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како “Зајко” (Видео)

Познатиот рок состав “The Backdoor Band”, во петокот вечер одбележа респектабилен 13 годишен естраден стаж со голема роденденска журка во популарното Liquid Cafe во Охрид. На роденденот го промовираа и новиот видео запис за синглот “Зајко”, односно за песната која е настаната пред 10-тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и нејзиниот “рокерски” начин на живот.

Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд. Должноста за снимање на аудиото, микс и мастерингот му припаднала на Ивица Јанкуловски, во неговото студио “Алшар” е финализиран синглот, додека видео записот е сниман на локации во Охрид, а за негово комплетирање и обработка бил задолжен Бојан Симјаноски.

Голема благодарност бендот изразува и до СУ Холдинг и клубот Рокенрола, како и до сите учесници во реализација на овој проект.

Можеби ќе ве интересира: