Дарко Илиевски по подолга пауза повторно снимаше спот. Спотот се снимаше на повеќе локации во студио и Хотел Милениум во Охрид. За организација на самиот видео запис беа вклучени голем број статисти, професионални танчери од школата на балетско студио “БАХ”, моделот Наташа Неделковска, голем број сценографски и костимографски реквизити.
Видео записот е во реализација на креативниот тим Владимир Ивановски – Дади и Горан Костадинов во продукција на Горила Филмс. Композцицијата “Она сака” е комплетно авторско дело на Дарко Илиевски, додека мастерингот е правен во студиото на Раде Врчаковски – Врчак. Ова е само најава на она што следи од Дарко…
Подготви: Редакција на Музика24