Премиера

Пепа својата најнова песна ја промовираше со видео спот (Видео)

На својот YouTube канал, познатата македонска поп пејачка Пепа Димитрова го промовираше најновиот видео спот за најезината најнова песна “Со тебе немам сон”. Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Владимир Дојчиновски-Дојчин. Спотот го потпишува Зоран Стојановски-Зонде.

“Се работи за модерна песна, со побрз ритам, а спотот ја следи песната. Се одлучивме за поартистичен видео пристап и мислам дека ќе ја освои публикатата. Посебно ме радува што промоцијата се случува пред Новогодишните и Божикните празници, бидејќи тоа е период во кој сите ние повеќе одмараме, се дружиме, си даваме себеси повеќе слободно време за уживање, а тоа секогаш е придружено од добра музика. Се надевам дека изборот на слушателите ќе биде македонска музика и би била среќна доколку “Со тебе немам сон”, се најде на нечија омилена плејлиста”, изјави Пепа Димитрова.

Песната “Со тебе немам сон”, како и претходните две, “Длабоко” и “Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....