Познатиот битолски рок состав „Чоканче“ по подолга пауза објави нова песна. „Игра рок анд рол цела Македонија“ е создадена пред 7 години, но била завршена минатиот месец. Според членовите на групата, се работи за еден искрен, обичен опис на секојдневието во Македонија.
Во снимањето учествуваа: Иле Лулевски на тапани, Зоран Илиевски – Скточ на гитара, Бранко Шпољариќ- Паљач како вокал, Крсте Симоновски – Крчо на бас и Игор Беговски – Ќебап на гитара.