Премиера

Погледнете: Новиот видео спот на младата поп пејачка Зои Блаж (Видео)

Денеска во просториите на Капитол мол се одржа промоција на новиот видео спот на поп пејачката Зои Блаж за песната “Ти си тој”, поточно нов видео спот за кој долг период се работеше, но затоа трудот на крајот се исплатеше. Се работи за љубовна тематика за кој самата композиција која е работена од познатиот продуцент и композитор Александар Масевски ја долови на еден сосема поинаков начин со цел да се истакнат вокалните способности кој Зои Блаж ги поседува, но и не само тоа туку и актерските способности која вешто се снајде во романтичната улога заедно со “партнерот” т.е. со познатиот пливач Стефан Јакимовски во режија на Славиша Кибровски.

Но сепак како што додаде и таа, не е крај има многу работа на професионален план, па така што во иднина ќе може да очекуваме многу од неа. А до тогаш уживајте во раскошноста на Зои Блаж за кој секој кадар е повеќе од ремек дело.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: