Премиера

Празнично, рокерот Сале ја почести македонската јавност со нова песна (Фото+Видео)

Познатиот и популарен македонски рокет Сашко Сале Андриески, празнично и токму денес на овој голем македонски ден – Илинден, со видео спот на YouTube ја промовираше својата најнова песна посветена на нашата татковина, нашата Македонија.

Песната “Македонија” е дело на Бојан Станимировиќ – Боки од “Амадеус Бенд” и Александар Петковски, аранжманот го подготви Дамир Имери, додека пак инспиративно и со емоции текстот го напиша познатиот Огнен Неделковски. Истата е снимена во студиото City Sound – Скопје. Видео спотот е снимен на повеќе локации во Македонија, а зад истиот стои “Куба продукција” од Битола. Мастерингот на песната и видео спотот комплетно е подготвен во “DRD студио” кај Драган Ристовски.

Ексклузивно за музичкиот портал Музика24, Сале ја даде следната изјава:

“Има многу народни песни за нашата земја, за Македонија. Јас сакав да има една во рок верзија која што ќе остане за идните генерации.Се надевам дека народот ќе ја прифати и дека ќе биде слушана, бидејќи е од срце за Македонија”, емотивно изјави Сале за нашиот музички портал.

Во продолжение, со задоволство и посебна гордост, ви предлагаме да го погледнете видео спотот и слушнете најновата песна за Македонија, во рок изведба.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: