Премиера

Прецизност и вештина: Извонредна изведба на “Arabesca i Toccatina” (Аудио)

Како што веќе наговестивме нашиот музички портал Музика24 е отворен за секоја соработка на млади и квалитетни музичари во овој прилог ви го претставуваме извонредниот пијанист Александар Лазаров кој ни достави аудио снимка на познато дело од композиторот Тома Прошев кој е докажан во класичната музика. Она што нас не изненади е самата умешност во изведбата, судејќи по тоа што се работи за сериозна музика не не зачуди фактот што пијанистот Александар Лазаров кој е 4 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек специјал пијано се одлучил студиозно да ја изучува класичната музика.

Неговиот личен опус е преголем затоа избравме мал дел на композиции кој досега ги изведувал, а меѓу нив се дела кој ни малку се лесни за изучување во делот на пијаното, но како што и тој ни нагласи со вложен труд тој постигнува да ги усогласи и двете компоненти (изведбата и композицијата).

“Моментов сум ориентиран на дипломската по пијано така што на некој начин сум задоволен она што го постигнав до сега, но сепак не е крај човек додека е жив учи”, изјави Александар Лазаров. Во продолжение за момент ќе ве вратиме во едно друго поинакво време заедно со оваа феноменална изведба од Тома Прошев и уживајте.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: