Македонскиот рок состав „АРЕА“ во годината кога го слави јубилејот 30 години на сцената, наскоро на публиката ќе и го претстави својот најнов албум „Љубов е“. Тие денеска промовираа една од вкупно 11-те нумери кои ќе се најдат на нивниот седми по ред албум. „Јаве или сон“ е третата песна од овој албум која излегува како сингл. Претходно веќе беа промовирани „Ангелу мој“ и „Отсекогаш“. Спотот се снимаше кон крајот на мај а режијата му беше доверена на Александар Ристовски. Како што потенцираа од „АРЕА“, реализацијата на спотот била помогната од Ми-Мак – Гостивар.
Во продолжение уживајте во „Јаве или сон“ а наскоро и во преостанатите нумери од албумот „Љубов е“.