Премиера

ПРЕМИЕРА: „Какви се овие времиња?“ – Дарио Панковски (Видео)

Поп-пејачот Дарио Панковски вчера ја промовираше својата нова песна „Какви се овие времиња?“. Музиката е дело на Дарио, а на текстот освен Дарио работеше и неговата ќерка Андреа. Аранжманот и спотот му беа доверени на реномираните Кристијан Габровски и Александар Ристовски – Принц.

Напишана од срце, отпеана со душа. За СИТЕ НАС! – вели Дарио.
За песната на социјалните мрежи се огласи и Ристовски, кој го работеше спотот.

Албумот „Бактерија“ на Дарио и „Миг21“ беше пресуден да се осмелам да си фурам и јас свој филм, дека и фанкот има свое место тука. Годинава е негова јубилејна, 40 години кариера! Неговата нова песната и спот „Какви се ова времиња“ убаво го заокружуваат досегашното.

Можеби ќе ве интересира: