Премиера

Премиера: Тајзи – „Сакам“ (Видео)

Тајзи празнично промовираше нов сингл. „Сакам“ е негова најнова песна, за која тој ги напиша музиката и текстот. Аранжманот е на Иле Спасов, а всушност се работи за демо снимка снимена во домашното студио која е стара повеќе од 5 години.
„Мислам дека сега е моментот да ја споделиме оваа порака. Сакам да гледам свет без омраза маски и беда. Исто како и „Бела Чао“, „Калимеро“, „Иронија“ и уште неколку наредни ги чувам повеќе од 5 години. Всушност е демо снимка, вокалите се снимени во моето домашно студио и сакав да останат такви какви што се, природни без штимање и шминкање. Битна ми е емоцијата. Никој не е совршен“, изјави Тајзи.
Тој само во негов препознатлив стил со оваа песна и се обраќа на публиката.
„Вистината е гола, но каква и да е таа е поубава од лагата. Никогаш не сум сакал публицитет и слава, па затоа и многу ретко се појавувам по медиуми. Вака преку песна сакам да ви се обратам. Должен сум ви за љубовта која ми ја давате сите овие години да ви ги пренесам овие пораки. Тоа е мојата мисија. На богати газди да бркнам у џеб на гладните деца да дадеме леб!!!
Слава на Бога и Слобода за народот“, додава тајзи.

Можеби ќе ве интересира: