Премиера

Премиера: Влатко Лозаноски – „Ме нервираш“(Видео)

Македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано ја промовираше својата најнова песна „Ме нервираш“. Лозано и овој пат авторскиот дел им го довери на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски. Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има манекенката Ана Марија Јанковиќ.

„Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“, вели Лозано.

Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“, па денеска дојде редот на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.

Летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола…

Можеби ќе ве интересира: