Премиера

Премиерно: Нов сингл и спот на Даниел Кајмакоски (Видео)

Веќе докажаниот победник на “X Factor Adria” Даниел Кајмакоски официјално го промовираше својот најнов видео запис и спот кој носи наслов “Немогу против срца свог”. Самата композиција е дело на Кики Лесендриќ за кој целото сценарио е во соработка со познатиот режисер Дарко Бајиќ каде се користени кадри од самиот филм “Бичемо прваци света”. Воедно ова е прва прилика да го видиме Даниел во нова улога со кој веќе ги докажува своите актерски способности.

“Голема благодарност му ја должам на целиот тим кој беа професионалци во секој поглед, па се надевам ќе им се допадне на мојата публика”, изјави Даниел Кајмакоски, а во продолжение уживајте во новото “филмско” остварување кои многумина ќе се изненадат како излезе целиот проект.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: