Премиера

Пристигна најновиот сингл на Јоце Панов (Аудио)

Во брз ориентален ритам лесен и певлив за сечие уво денеска поп пејачот го промовираше својот нов сингл “Брига ме” каде за самиот аранжман се погрижи Љупчо Павловски, а во позадина се јавуваат познати музички имиња меѓу кој Џамбо Агушев (труба), Никола Автовски (бас гитара), Ставре Ставрев (перкусии), Ивица Јорданов (соло гитара) итн додека за текстот се погрижи Јелена Трифуновиќ.

“Се надевам ќе им се допадне на публиката со оглед дека овој жанр е актуелен на балканот, па не се ни сомневав во мојот избор”, изјави Јоце Панов. Иако секогаш го слушавме во романтични стилови ова е нова свежина за него како што и потенцира и Јоце Панов секоја промена е добредојдена, за самата композиција ќе се сними и видео-запис за кој не открива многу детаљи.

Во продолжение, слушнете го премиерно новиот сингл на Јоце Панов и уживајте во изведбата.

Подготви:Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: