Премиера

24 Промоција: Мики Секуловски – “Почеток и крај” (Аудио)

Мики Секуловски момчето кое што по завршување на првиот “Македонски идол” започна со сопствена музичка кариера, издаде нова песна. Тој вчера вечер на музичкиот канал YouTube го постави аудиото кое можете подолу да го преслушате.

Станува збор за навистина одличната емотивна балада “Почеток и крај”.

Текстот за оваа песна го напиша младата Рената Кралевска, музиката е на Зоран Алексиќ додека за аранжманот освен Зоран се погрижи и Ристе Шандаров. Песната е снимена во студиото на Sky Eye Entertainment. Во недостаток на нови македонски песни, овој нов хит, ќе биде добредојден во овие зимски студени денови.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: