Премиера

“Punish Him” нова песна на Игимен (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, објавена е новата песна и видео спот на талентираниот и креативен млад автор и изведувач Игор Станоески – Игимен. “Punish Him” е новата авторска песна на Игимен, (музика, текст и арранжман) која и воедно е водечка трака на истоимениот албум, за кој претходеше дигиталното објавување на синглот “Ain’t Nobody Business”. Придружни вокали за оваа песна ги отпеа Рената Симоновска (Renne Simonne).

Песната како и албумот се снимени во студиото “АлШар” во Скопје под аудио-инжинерската палка на Ивица Јанкуловски. Видеото е снимено во истоименото студио од страна на Филип Филиповски како директор на фотографија и камера и Боро Арсовски – камера и техничка помош, додека за режијата која е во доменот на видео концепт како и монтажата и видео постпродукцијата припаѓа на Оливер Станоевски.

Гости музичари на песната покрај стандардната ритам постава Пере Ангелов на бас гитара и Гоце Стевковски на тапани, се и Гордан Спасовски на пијано и Јордан Костов на хармоника. Песната претставува жанровски микс од блуз, рок и кантри музика, додека пак текстот е на англиски јазик и има сатиричен контекст.

Во продолжение уживајте во најновото од Игимен:

https://www.facebook.com/IGIMANGUITAR/videos/vb.174709449223042/305099273899688/?type=2&theater

Можеби ќе ве интересира: