Премиера

„Reflections” е новата љубовна приказна на Yon Idy (Аудио)

По успехот на „Walk Away”, младиот кантавтор Yon Idy го објави најновиот сингл, „Reflections”, песна за измешаните емоции кога љубовната врска е прекината. Yon ја напишал како писмо до својата сакана и вели дека овој сингл му е омилен до сега.

„Понекогаш сфаќаме дека врската не треба да продолжи, иако емоциите се сè уште присутни. Изборот е тежок, а уште потешка е одговорноста што ја имаме кон другата личност и одлуката на кој начин си заминуваме. Се кршиме одвнатре кога сфаќаме дека мора да се случи крајот. Колку подолго трае, толку е помачно. „Reflections” ја напишав како писмо за тоа како се чувстував тогаш и морав да ги споделам мислите и чувствата со другата личност, но и да ги признаам пред себе“, вели Yon. 

Како комплетен автор на своите песни, Yon секогаш пишува од срце и се надева дека неговата публика се препознава во неговите стихови.

„Олеснува кога ќе ги слушнеш своите мисли и кога ќе ги преточиш емоциите во музика. Така знам дека ќе допрат до другите, па можеби и ќе охрабрат некого да излезе од својата комфор зона“, вели Yon.

Обожователите на Yon може да очекуваат албум до крајот на летово и тоа ќе биде заокружување на една етапа од неговата кариера како кантавтор. Странските радија ги емитуваат неговите песни, а многумина велат дека потсетува на странски музичар со впечатлив вокал. Овие карактеристики се причина за соработка и со странски продуцентски студиа за кои допрва ќе слушнеме.

Синглот „Reflections“ e достапен на сите музички платформи.

Можеби ќе ве интересира: