Премиера

Рената ја продолжува музичката кариера со “Please Stay” (Видео)

Како што неодамна беше најавено, младата атрактивна македонска пејачка Рената го претстави својот најнов сингл со наслов “Please Stay”, позади кој повторно стои веќе докажаниот тим на Sky Eye Entertainment. Автор како и на сите претходни хитови на Рената е докажаниот продуцент Зоран Алексиќ. Песната од минатата седмица е дистрибуирана до преку 7500 радија ширум светот преку сервисот на “Radio Express” исто така достапна и на познатата онлајн музичка продавница iTunes.

Kако звучи наследникот на “Because i love you”, можете да слушнете на нејзиниот YouTube канал.  Имено, младата пејачка го сними и својот прв официјален спот за овој новитет,  кој својата видео промоција ќе ја добие наскоро. Во продолжение преслушајте ја новата песна на Рената.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: