Премиера

Сани со нов видео запис (Видео)

Младата фолк ѕвезда Сани Петковска вчера во ресторанот “Боними” го промовираше спотот за песната “Секси мама”. Во лежерна атмосфера, пред гостите атрактивната пејачка блесна во црн елегантен фустан. Во спотот таа глуми секси мама која ја “брка” згоден фраер кој го глуми дечко и Мартин.

Спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, а го режираше Дарио Јанковиќ. На промоцијата беа нејзините колешки од фолк естрадата како Ирена Вељоска, Фанита, Ирена ХХ, Весна Диндева и други.

Извор: Либертас.мк/Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: