Премиера

Сара Гигова ја промовираше својата најнова ранлива емотивна балада (Видео)

Пред само неколку дена ја промовираше својата најнова песна “Ранливи” заедно со видео спот, а веќе се наоѓа меѓу најслушаните песни на интернет. Сара Гигова, која е македонска млада и талентирана пејачка за својата најнова песна вели:

„Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“, вели Гигова.

Песната која за кратко време привлече големо внимание е дело на едни од најдобрите, братко-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски.

А во продолжение, со задоволство ви предлагаме да ја преслушате и воедно погледнете најновиот видео спот за најновата “Ранливи”.

Можеби ќе ве интересира: