Премиера

Саша Ковачевиќ и оваа година со нов летен хит (Видео)

Како и секоја година, така и оваа… познатиот балкански поп пејач без кој не може да се замисли одлична и незаборавна забава, Саша Ковачевиќ, и овој пат на стартот од летото не изненадува со уште една летна, одлична, интерсна и опуштена песна, овој пат со наслов “Ради ме лагано” или во буквален превод на македонски… Работи ме пополека.

Музиката и овој пат е на Саша и неговиот брат Раде, додека пак текстот е на Драган Брајовиќ Браја. Песната е миксана во Тен продукција во Барселона, додека зад видео продукцијата стојат Токсик продукција и СК Медиа.

И додека го гледаме овој навистина страшно добар видео спот, во кој е вложено навистина многу пари… се прашуваме дали ние некогаш од било кој поголем артист во Македонија ќе доживееме ваква летна песна, хит и се разбира видео кое нема да се споредува со балканските, туку видео спот што ќе ги има сите светски стандарди.

Но не верувам дека тоа ќе се случи во следните 5 до 10 години, освен што нашите музичи имиња во моментот најбитно им е кој, кога и каде ќе настапи од летните културно-забавни манифестации и селски приредби и кој колку ќе земе од истите.

А додека работите се средат на македонската музичка сцена и додека им текне дека и ние треба да создаваме вакви летни хитови, видео спотови, продукција… до тогаш ни останува да ги гледаме ваквите скапи и страшно добри видеа кои секако секогаш се поткрепени со страшно добар летен хит.

Можеби ќе ве интересира: