Премиера

Северина со нов видео спот (Видео)

Најпопуларната хрватска пејачка, Северина, денес го објави својот нов спот за песната “Добродошао у клуб”, која е и насловна нумера на нејзиниот нов албум. Музиката за овој сингл е дело на Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ. Режијата на спотот ја потпишува хрватскиот моден фотограф Марко Грубишиќ. Инаку, Северина на 13-ти април доаѓа во Скопје со свој голем солистички концерт, а дотогаш ни преостанува само да ги слушаме и гледаме нејзините спотови.

Во продолжение ви предлагаме да го погледнете новото видео од Северина!

Северина - нов видео спот

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: