Премиера

Софија го промовираше новиот спот “Тишина” (Видео)

Софија Манева вчера преку својот Јутјуб канал го промовираше видеозаписот за насловната песна од нејзиниот истоимен албум “Тишина” зад која како музика, текст и аранжман се потпишаа: Тони Соколов – Цока и Перо Манев. Кожувчанка како единствен спонзор на овој видеозапис уште еднаш ја потврди соработката и довербата кон својата сограѓанка, а обожавателите на македонската забавна музика ке можат да уживаат во многу добар спој на аудио и видео.

Промоцијата на албумот, Софија ја најавува за средината на април годинава. Во продолжение, погледнете го спотот!

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: