Премиера

Соработка на две мега ѕвезди: Северина сними дует со Азис (Видео)

Хрватска музичка ѕвезда Северина и бугарската фолк ѕвезда Азис го објавија нивниот дует „Фалиш ми“. Северина и Азис никогаш не се запознале, а поради пандемијата го снимале спотот поединечно со разлика од еден месец, велат од ПР тимот на Северина.

Кога Филип ми го предложи Азис, знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна, што тој го докажа со неговата изведба, која е маестрална. Знам дека долго чекавте нова песна и ми недостигавте. се надевам и јас на вам ви недостигав. – објави северина.

Северина наскоро ќе го објави и својот нов албум, а дуетот со Азис е само една од песните кои публиката наскоро ќе ги чуе.

Песните се наменети за сите, тоа е сериозен поп-албум. Вака ја гледам денешната поп сцена во Хрватска и денешната музика. Поинаку е од она што сум го правела досега, и отсекогаш ми било важно, слободно и неоптоварено да влезам во кој било музички правец. затоа што можам и затоа што секогаш сум го правела тоа. Никогаш свесно, работам на жлезди. Ме прашуваат дали има песни како „Pogled ispod obrva“ или „ Virujen u te“. Нема. Тоа време помина, веќе не можам да пишувам такви песни, всушност одамна не пишувам ништо освен двата романи што ги започнав. – додава северина.

Можеби ќе ве интересира: