Премиера

Српскиот поп пејач Никола Роквиќ промовираше предобра емотивна балада (Видео)

Младиот српски поп пејач Никола Роквиќ повторно ги изненадува своите фанови и јавноста, овој пат со нова предобра и емотивна балада. Станува збор за песната “Оловни војник” за која што пред само еден ден беше пуштен видео спотот на You Tube каналот.  Песната изобилува со емоции и чувства кои секако само заљубените би ги сфатиле и би ги почуствувале, а веруваме дека многумина од вас се заљубени. Инаку, спотот за оваа песна е снимен во центарот на Лос Анџелес, односно, познатата улица со светски познати графити од признати и еминентни уметници.

Во продолжение, ви предлагаме да ја преслушате преубавата нова балада на поп пејачот и воедно да го погледнете видео спотот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: