Премиера

“Стариот морски волк” повторно се враќа на музичката сцена (Видео)

Ник Ниџо е домашен кантавтор од средната генерација за којшто не се знае многу, бидејќи повеќе има настапувано во клубови надвор од земјава, во неколку европски земји. Препознатлив е по тоа што најчесто настапува со својата гитара. Долго време не беше во можност целосно да се посвети на музиката, но затоа сега го објави својот прв сингл под наслов “Таа што ја чекам”.

Можеби најзначаен момент од неговото повторно музичко враќање на сцената е победата на европскиот музички конкурс во рамките на Евробаскет 2013 година, кога на свеченото отварање во Љубљана, заедно со словенечката музичка ѕвезда Зоран Предин, ја отпејаа во дует официјалната химна на шампионатот под наслов “I feel basketball”.

Ник Ниџо се занимава со музика од својата 19-годишна возраст. Во тој период ги создаде своите први композиции, од коишто две беа снимени во студиото во Домот на синдикатите и една во студиото на Валентино Скендеровски. Музичари кои зедоа учество во снимањето на овие нумери беа познатиот гитарист Петар Ренџов, саксофонист Гоце Мицанов, како и контроверзниот и на почеток на својата кариера Александар Ристовски Принц како гитарист. Овие композиции беа наменети за учество на фестивалски конкурси и никогаш не беа официјално објавени. Ник Ниџо заради возраста уште некои и го нарекуваат “Стар морски волк”.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: