Премиера

“Студени очи” на Пепа Димитрова доби и видео спот (Фото+Видео)

Познатата македонска поп пејачка Пепа Димитрова на неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ се претстави со песната „Студени очи“. За да биде комплетна темата, Пепа снимаше и видео спот кој го изработи Александар Пауновски, а фотографијата е на „2С Студио“.

Видеоматеријалот е снимен на неколку локации низ Македонија, а користен е олдтајмер Бјуик од 52-та година на приватен колекционер од Битола. Автор на „Студени очи“ е Слободан Стојанов, додека текстот е на Игор Џамбазов. Пепа Димитрова за прв пат на музичката сцена се појавува на „Охрид фест“, во 2014 година каде и беше победник на поп вечерта.

А во продолжение, со задоволство ви препорачуваме да го погледнете нејзиниот најнов видео спот за песната “Студени очи”.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: