Премиера

“Шубее дубее Мариа” нова песна на “Nune Brothers” (Видео)

“Шубее дубее Мариа” е новата песна на познатите “Nune Brothers”, која беше промовирана пред само неколку дена. На албумот кој тие го најавуваат со оваа песна, ке има над 10 нови песни меѓу кои ќе бидат и двете од соработката со Есма. Поголемиот дел од песните се веќе готови, на неколку од нив се работи и се надеваат дека сето тоа спакувано и ќе биде промовирано до крајот на годинава. Овој албум со наслов “Некст левел”, ќе биде издаден од странска издавачка куќа за европскиот и светски пазар.

“Ова е прва песна од новиот албум “Некст левел” за која идејата ја добивме по неколкуте проби со различни аранжмани. Албумот ќе биде со песни во мешани стилови, поп-рок, шпански… за различни вкусови. Ова го направивме за да многу луѓе си најдат свое омилено парче музика, но и по сугестија што е она што го сакаат низ светот. А каде ние во иднина ќе се пронајдеме, ќе видиме. Како ќе се создаваат песните, така ќе се движиме. Важно е да биде музика за сите вкусови.”, вели Филип кој за прв пак се наоѓа во улога на пејач.

“Додека да дојде време да најдеме кој да пее, продуцентот не посоветува јас да го направам тоа. Сакавме и женски вокал, но на крајот по неколку проби излезе дека сепак, добро е јас тоа да го отпеам или мојот брат Раде. Но изборот падна на мене”, додава Филип.

За оваа прва песна, музиката и аранжманот го подготвија “Nune Brothers”, додека текстот е на Огнен Неделковски, видео обработката на видеоспотот и фотографијата се на Дуле Јанев, Никола Коцев и Александар Гелевски. Песната е снимена во студиото на “Nune Brothers”, а продуцент на истата е Горан Гешовски.

Можеби ќе ве интересира: