Премиера

„Суперхикс“ го промовираа својот најнов студиски албум „Сила и нервоза”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дел од промоцијата (Фото+Видео)

Денес точно на пладне, познатите и популарни „Суперхикс“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во присуство на своите пријатели, соработници, фанови, како и на седмата сила – новинарите, го промовираа својот најнов стусидки албум насловен „Сила и нервоза”.

На промоцијата меѓудругите присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на кого момците од бендот кои веќе 30 години успешно опстојуваат на македонската музичка сцена му го подарија новото цеде и се заблагодарија за поддршката од него како градоначалник и од Општина Кисела Вода.

Имено денешната промоција на новиот албум е само една од низата активности кои ќе се случуват по повод 30-годишниот јубилеј на овој значаен бенд, а централната манифестација ќе се случи на 29.06., во паркот кај салата Расадник, каде „Суперхикс“ со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт.

„Чест и задоволство ми е да бидам на денешната промоција на уште еден албум од култните „Суперхикс” со кои растеа и музички созреваа многу генерации. Драго ми е што Општина Кисела Вода е домаќин на нивните активности поврзани со 30 годишното музичко постоење на македонската сцена и кои, како што кажа Пеце, ќе ги има во голем број во периодот што е пред нас, се до финалниот голем концерт закажан за 29 јуни во Расадник. Ќе биде убаво заеднички да се прослават двата роденден-и тој на „Суперхикс” и на Општина Кисела Вода. Но со деталите ќе излеземе подоцна. Засега да уживаме во новиот албум кој од она што досега го слушнав, многу ми се допаѓа”, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на денешната промоција.

Новиот албум на групата „Суперхикс“ насловен како „Сила и нервоза” е снимен во студио „Тра Ла Ла“ на продуцентот Мите Димовски (освен „Скарантин” – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на цеде формат и на сите музички платформи.

Во продолжение, со задоволство ви предалагаме да ја слушнете водечката „Сила и нервоза”, со која песна и беше најавен новиот студиски проект, а и по која песна и го носи насловот последниот албум на „Суперхикс“.

Можеби ќе ве интересира: