Премиера

Талија промовираше нов видео спот (Видео)

Талија, девојката која што кај нас е позната пред се по актерството, бидејќи така ја запознавме при крајот на минатиот век, а низ светот како пејачка и актерка, го претстави новиот видео спот за песната “Te perdiste mi amor”. Оваа песна Талија ја сними со американскиот пејач Принц Ројс. Од она што го видовме од спотот, кои што во продолжение и вие ќе имате можност да го видите, може да заклучиме дека е спој на неколку настапи и снимки од американската турнеја на Талија која што неодамна започна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: